Борусија Менхенгладбах доби подарок од судијата Вилијам Колум, а претставниците на Рома жестоко протестираа по контроверзниот момент во последните моменти од дуелот со германскиот тим во меч од Лигата на Европа.
Во шеснаесетникот на Рома, во 94-тата минута топката го удри во глава Крис Смолинг, а шкотскиот судија досуди пенал за гостите.
Ларс Штиндл беше прецизен од белата точка и израмни на 1:1, па Германците освоија еден бод.
„За каква фер игра говори УЕФА. Рома е драстично оштетена, а имаше и пенал за нас што не беше досуден. Ова е срамно и го виде целиот фудбалски свет“, реагираат од таборот на Римската волчица.
Рома остана на првото место во групата Ј со пет бода по три кола, а Борусија и со освоениот бод во Рим остана на последната позиција со два бода.