Сурово убиство во Кенија, жртва е кралицата на уличните трки на 10 илјади метри

Агнес Тироп е сурово убиена во Кенија и е пронајдена во нејзиниот стан со смртоносни рани од ладно оружје, а главен осомничен е нејзиниот сопруг Емануел Киплетинг.

Тироп пред еден месец постави светски рекорд на уличните трки, а има две бронзи од Светските првенства во 2017 година и две лета подоцна.

Летово на Олимписките игри во Токио, 25-годишната Агнес заврши на четвртото место во трката на 10.000 метри и не успеа да освои медал за една секунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести