Сусо сака да игра во ЛШ, Атлетико ќе му ја исполни желбата

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне, го одреди офанзивецот на Милан Сусо, како еден од трансфер метите за ова лето. Јорганџиите наводно подготвиле понуда од 40 милиони евра, поточно колку што изнесува клаузулата на повремениот шпански репрезентативец, кој воедно би претставувал замена за Антоан Гриезман.

Сусо извесно време размислува да го напушти „Сан Сиро“ откако Милан повторно потфрли во обидот да се пласира во Лигата на шампионите за следната сезона. Настап во најелитното европско клупско натпреварување е најголемата причина што Шпанецот сака да замине од Милано, а од таборот на Атлетико се подготвени да му ја исполнат таа желба.

Крилниот офанзивец на Росонерите изминатава сезона беше продуктивен со 8 погодоци и 9 асистенции на 41 меч во сите натреварувања.

- Оглас -

Најнови вести