Судијата Хесус Хил Манзано, кој ја делеше правдата на саботниот меч меѓу Валенсија и Реал Мадрид (2:2) и кој имаше контроверзен крај, е суспендиран од страна на судиската комисија на Ла Лига.
Манзано е суспендиран за наредните две кола во шпанските лиги, а медиумите од оваа земја пишуваат дека конечната казна ќе биде многу поголема.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1765006684928286773?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1765006684928286773%7Ctwgr%5E2c5d730428be7f7166a488bb3017e19bdb3c8375%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.zurnal.rs%2Fscc%2Fclanak%2F178088%2Ffudbal%2Fvelika-petorka%2Fsudija-kaznjen-ali-tek-ce-da-oseti-gnev-kralja
Манзано се најде во центарот на вниманието на саботниот натпревар кој се играше на „Местаља“ бидејќи во последните моменти од мечот, Џуд Белингам постигна гол за победа на Реал, но тој беше поништен бидејќи судијата свирна за крај на мечот додека топката беше во воздухот и само една секунда пред играчот на Реал да ја смести во мрежата на Валенсија.