Иако доби црвен картон во минатото коло и доби суспензија од два натпревари, сепак тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ќе може да биде на клупата на Волчицата на утрешното дерби против Јувентус.
Рома се жалеше на Апелација, а оваа повисока инстанца не донесе конечна одлука, потребна е дополнителна истрага, следното сослушување е на 10-ти март, па се одложува потенцијалната суспензија на Мурињо.