Суспендирани судиите кои делеа „правда“ на Милан – Рома

Главниот судија Пјеро Џакомели и ВАР-судијата Луџи Наска добија забрана за вршење на должноста во времетраење од еден месец поради контроверзните одлуки кои ги носеа на натпреварот од Серија А помеѓу Милан и Рома. Дербито на „Сан Сиро“ заврши 3-3, а најголеми губитници се судиите, кои ги оштетија двата клуба.

Одлуката за казна ја донесе првиот човек на судиската организација во Италија, екссудијата Никола Рицоли. Според некои коментари, „грешниците“ требало да бидат и поригорозно казнети. Но, имаше и ситуации кога судии грешеа, па не беа казнети и затоа оваа казна треба да биде предупредување дека нема да се толерираат грешки кои влијаат врз резултатот.

Анализата на судењето покажала неколку грешки, особено кога беше досуден пенал за Милан по играњето со рака на Џанлука Манчини, кој беше турнат од Златан Ибрахимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести