Суспендираниот Синер ќе има големо враќање на Мастерсот во Рим

Организаторите на Отвореното првенство на Италија во Рим ја објавија листата на учесници за претстојниот Мастерс турнир, а вниманието го привлече камбекот на најдобриот светски тенисер, Јаник Синер.

Синер ќе заигра за првпат по повеќемесечна пауза, откако беше суспендиран поради допинг по завршувањето на Отвореното првенство на Австралија, кое го освои во јануари. Оттогаш Италијанецот не се појави на ниту еден турнир, но сега се враќа пред домашната публика.

Римскиот турнир е петтиот и последен Мастерс турнир на земјена подлога оваа сезона, а според најавите, на него треба да настапат сите 78-мина најдобри тенисери во светот, се разбира, доколку не дојде до откажувања во последен момент.

Во трката за трофејот ќе биде и Новак Ѓоковиќ, кој турнирот во Рим го има освоено дури шестпати и важи за еден од фаворитите. Покрај него, ќе настапат и Александер Зверев и Карлос Алкарас, но конечната слика за костурот ќе се добие по завршувањето на Мастерсот во Монте Карло.

Очекувањата се големи, со оглед дека се враќаат големите имиња, а Рим повторно ќе биде центарот на тенискиот свет.

- Оглас -

Најнови вести