Суспендираните Адеми и Елмас вечер ќе одмараат

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Елиф Елмас вечерва нема да бидат дел од составите на Динамо Загреб, односно Фенербахче за дуелите во Лигата на Европа. Двајцата се соочуваат со суспензија од еден меч поради заработени по три жолти картони на претходни пет средби од групната фаза.

Меѓутоа, нивното отсуство нема многу да смени за Динамо и Фенер. И двете екипи, кои се во групата Д, си го обезбедија учеството во нокаут-рундата. Неиграњето против Андерлехт, односно Трнава е добро и за двајцата наши фудбалери, бидејќи ќе бидат „чисти“ за следната фаза.

Дуелите Динамо З – Андерлехт, односно Трнава – Фенербахче се закажани во терминот од 21 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести