9.8 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

Суспензии за ВАР-судиите на мечевите на коишто играа Барселона и Реал Мадрид

Шпанскиот судиски комитет (ЦТА) ќе ги казни ВАР-судиите од натпреварите во 24-тото коло на коишто играа Жирона – Барселона (2:1) и Реал Мадрид – Реал Сосиедад (4:1).

Судиското тело, предводено од Фран Сото, ќе изрече суспензија, односно отстранување од должност на одреден период на Давид Галвез Раскон, кој му асистираше на Сото Градо како ВАР-судија на мечот во Жирона.

За разлика од Даниел Хесус Трухиљо, кој беше ВАР-арбитер на „Сантијаго Бернабеу“, ќе добие полесна казна и ќе биде преместен како помошник ВАР во неговото следно назначување.

Според весникот „АС“, шпанскиот судиски комитет констатираше дека на натпреварот помеѓу Жирона и Барселона, грубиот напад на Ечевери врз Кунде можеше да биде санкциониран како фаул од страна на аргентинскиот напаѓач врз францускиот дефанзивец. Откако не беше досуден фаул, Жирона во продолжение на акцијата постигна гол за водство од 2:1, што на крајот значеше и победа за Жирона. ВАР-арбитерот едноставно морал да реагира и да сигнализира дека имало фаул во напад.

По мечот, жестоки беа критиките и жалбите од страна на играчите на Барселона и тренерот Ханси Флик, но тоа не смени ништо и каталонскиот гигант остана без ниту еден бод од гостувањето кај локалниот ривал.

Трухиљо, кој беше ВАР-судијата на натпреварот Реал Мадрид – Реал Сосиедад, ќе се соочи со помала казна. На следниот меч тој ќе биде помошник во ВАР-собата.

- Оглас -

Најнови вести