30.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Суспензијата на Мбапе нема да им се допадне на ривалите од Барселона

Килијан Мбапе ќе може да игра на Ел Класико против Барселона и во Ла Лига, но и во финалето на Купот на кралот, откако доби минимална казна само од еден натпревар суспензија за црвениот картон што го заработи против Алавес.

Контроверзниот старт на францускиот напаѓач предизвика бурни реакции и се шпекулираше дека би можело да добие суспензија од еден до три меча, што ќе значеше и можно отсуство од дуелот со Барса. Сепак, дисциплинската комисија одлучи да го казни само со еден меч пауза.

Тоа значи дека Мбапе ќе го пропушти натпреварот против Атлетик Билбао, но ќе биде целосно подготвен за дербито со каталонскиот гигант, што е голем плус за Карло Анчелоти и за Реал Мадрид во битката за трофеите во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести