Суспензијата намалена од четири години на 18 месеци: Погба од јануари ќе се врати на тренинг со Јувентус

Францускиот фудбалер Пол Погба (31), кој доби четиригодишна суспензија од фудбалот поради позитивен допинг-тест, успеа да го добие случајот пред Судот за спортска арбитража (ЦАС) и ќе може да се врати на тренинзите на Јувентус веќе од јануари, а два месеца подоцна, ќе може повторно да настапува.

Францускиот репрезентативец доби четиригодишна суспензија од фудбалот по допинг-тестот, кој покажа позитивен резултат на забранета супстанца. Погба беше тестиран по натпреварот на Јувентус против Удинезе, иако тој не настапи на натпреварот и остана неискористен играч на клупата за резерви.


Неговата првична жалба за поништување на суспензијата беше одбиена.

Сепак, по дополнителна жалба, изгледа дека францускиот репрезентативец успеа да ја докаже својата вистина и да ја поништи суспензијата пред ЦАС, при што неговата четиригодишна забрана за тренинзи и натпревари е укината.


Паричната казна на играчот исто така е отфрлена како дел од одлуката.


По оваа најнова одлука, Погба може да се врати на тренинзите на Јувентус во јануари и да почне да игра натпревари за Бјанконерите веќе во март.

- Оглас -

Најнови вести