39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Суспензијата од еден меч за Бејл може да биде добра за Реал Мадрид

Дисциплинската комисија на Ла Лига ја одби жалбата на Реал Мадрид околу црвениот картон на Герет Бејл, кој го заработи изминатиов викенд во ремито против Вилјареал. Велшанецот беше исклучен по неговиот втор погодок, откако главниот арбитер му покажа втор жолт картон, па затоа ќе отслужи еден меч суспензија.

Така Бејл нема да биде во можност да настапи против Леванте и нашиот Барди на 14 септември, во дуелот од рамките на четвртото коло. Иако Велшанецот полека ја враќа голгетерската форма, неговото отсуство во следниот натпревар може да биде добро за Реал и Зидан.

Во пресрет на тој меч најавено е враќање на Еден Азар на терените, односно многу веројатно Белгиецот ќе го запише долгоочекуваното деби во кралскиот дрес. Азар остана во Мадрид за да работи на физичката подготвеност и не е дел од репрезентацијата на Белгија за овој квалификациски циклус, што значи дека „Сантијаго Бернабеу“ на 14 септември ќе го види својот нов миленик на зелениот тепих.

Инаку, ова е вторпат ДК на Ла Лига да одбие жалба на Реал за суспензија, што е логично доколку фудбалер заработи црвен картон. Модриќ во првото коло против Селта директно беше исклучен, по што и Хрватот отслужи еден меч суспензија.

- Оглас -

Најнови вести