24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Сваровски остана без прволигашки сјај во Тирол

Тирол Сваровски ќе мора да игра во Втората лига на Австрија од следната сезона, откако денеска во директен дуел за опстанок не успеа да ја победи Адмира на домашен терен.

Во Инсбрук на „Тиволи“ домаќините не успеаја да го најдат патот до мрежата на Андреас Лејтнер, па во меч без голови останаа покуси за два бода од Адмира и се простија од настапите во Типико Бундеслигата.

Тирол има интересна историја и честопати ги менуваше имињата на клубот, а беше и во голема криза, па и банкротираше, но потоа се врати во полн сјај.

На почетокот на овој милениум клубот од Инсбрук трипати по ред беше шампион на Австрија, во 2000, 2001 и во 2002 година.

Сега минува низ тежок период и ќе мора во идната сезона да се натпреварува со второлигашите во Австрија.

- Оглас -

Најнови вести