„Свечен“ пречек за кошаркарите на Реал во Белград, особено на „удар“ се Дек и Муса (Фото)

Кошаркарите на Реал Мадрид се свесни дека вечерва во белградската „Штарк арена“ ги чека пеколна атмосфера, а навивачите на Партизан со навредливи транспаренти ги поздравија играчите на Кралскиот клуб.

На патот од аеродромот до хотелот на надвозниците беа закачени навредливи пораки од типот на копилиња, цигани, немате ништо кралско освен името, нема да спиете, а специјални поздрави имаше за Аргентинецот Габриел Дек и Босанецот Џанан Муса.

Дек поради суспензија, нема да игра вечерва, но би играл на евентуалниот четврти меч в четврток.

- Оглас -

Најнови вести