Свештеник со кандило ги благословуваше головите во Москва, мечот заврши нерешено

Еден свештеник пред почетокот на натпреварот од руската Премиерлига помеѓу Локомотив Москва и Уфа, ги осветуваше и благословуваше стативите и пречките на головите на стадионот во Москва. Локо и Уфа одиграа 1-1.

Локомотив и понатаму е втор на табелата, има четири нерешени резултати по ред. Можеби мислеа дека добро би им дошла помош од Господ за да го разбијат малерот и конечно да победат, но тоа не им појде од рака, дури и се спасуваа од пораз, бидејќи Џеферсон Фарфан даде гол за изедначување во 81-ва минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести