Свештеникот од Бразил го учеше Роналдо да изведува слободни удари

Цезар Пратес е човекот што многу му помогна на Кристијано Роналдо да ја усоврши техниката на изведување на слободни удари, а вели дека досега не сретнал фудбалер што е толку посветен на најважната споредна работа на светот.

„Се сеќавам на младото момче кое тогаш имаше 16 години. Јас и Андре Круз бевме задолжени за слободните удари во Спортинг, а Роналдо постојано беше до нас на тренизите и беше упорен и посветен. Сакаше да учи и примаше совети од нас. Честопати му кажував како да го постави телото и како подобро да ги изведува слободните удари. Потоа ја знаете приказната, не надмина и мене и Андре со извонредната техника на изведување на слободните удари. За мене Кристијано е најдобар играч на светот. Меси има талент, така се родил, Роналдо е исто така надарен за фудбал, но не во таа мера како Лео. Со работа и многу труд ги надополни одличните физички предиспозиции и за мене тој е број 1 во светот на фудбалот“, раскажува Пратес.

Цезар има 45 години и сега е свештеник во Евангелистичка црква во Бразил, а со Роналдо беа клупски колеги на самиот почеток на кариерата на популарниот ЦР 7.

„Уште на почетокот се гледаше дека е неверојатно посветен на фудбалот. Спортинг имаше скромна сезона, го освоивме само купот, а честопати го гледав тажното момче на клупата по нашите порази. Знаеше и да заплаче од тага по секој неуспех на тимот. Знаев дека ќе стане голем фудбалер“, додава Пратес.

Интересно е што и двајцата заедно во иста година го напуштија Спортинг. Роналдо во 2003 година само по 25 одиграни натпревари за Лавовите од Лисабон, за 15 милиони евра се пресели во Манчестер јунајтед. Тогаш тоа беше најскапиот трансфер на сите времиња на тинејџер во англискиот фудбал.

Пратес по три сезони од Спортинг, се пресели во Галатасарај исто така во 2003 година и тоа за десеткратно помала сума од таа што ја плати Јунајтед за Роналдо.

 

 

- Оглас -

Најнови вести