Светецот ја доби првата рунда со црвениот ѓавол

ПСЖ со сигурни 2-0 на свој терен ќе го чека реваншот против Манчестер јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампиони. „Светците“ остварија многу значајна победа и покрај тоа што Томас Тухел не сметаше на ѕвездите Нејмар и Кавани. Оле Гунар Солскјер го претрпе првиот пораз откако го презеде кормилото на „црвените ѓаволи“.

Откако мрежите мируваа во првите 45 минути, гостите од Париз тргнаа многу посамоуверено, а упорноста се исплатеше во 53-тата минута. Ди Марија изведе прецизен корнер, а Кимпембе од втор план ја смести топката зад грбот на Де Хеа. Седум минути подоцна ПСЖ одново дојде до ситуација за погодок, повторно се започна од Ди Марија, а Мбапе се најде меѓу двајца одбранбени играчи и зголеми на 2-0.

Набрзо потоа „светците“ можеа и до трет гол, сепак резултатот остана непроменет, а домаќините останаа со играч помалку, откако Пол Погба заработи втор жолт картон на неколку минути пред крајот.

https://www.dailymotion.com/video/x72bcm5

 

Рома беше подобра од Порто со конечни 2-1 во првата осминафинална пресметка која се одигра на „Олимпико“. Фудбалерите на Еузебио Ди Франческо до погодоците стигнаа во последните дваесетина минути од средбата, додека Адријан ги задржа надежите на португалскиот првак во пресрет на реваншот.

Заниоло беше стрелец на двата погодоци за „римската волчица“, ги постигна во 70-тата и 76-тата минута, но само три минути подоцна гостите намалија на 2-1 преку Адријан.

 

https://www.dailymotion.com/video/x72bd5g

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести