Кристијано Роналдо не е закрепнат од повредата на листот на левата нога и нема да игра на утрешниот пријателски натпревар за Ал-Наср против Интер Мајами.
Оваа вест која ја потврдија од клубот Ал-Наср разочара милиони љубители на фудбалот низ светот кои се надеваа дека утре од 19 часот повторно, и веројатно за последен пат, ќе видат на терен битка помеѓу легендите Роналдо и Лионел Меси.
Меси ќе го предводи Мајами, но од другата страна ќе ги нема главните ѕвезди Роналдо и Садио Мане. Повредата на Роналдо ги расипа плановите на Ал-Наср и околу нивната турнеја во Кина.