Лионел Меси и Аргентина секогаш се инетересна тема во светот на фудбалот. Најдобриот фудбалер на сите времиња игра фантастична сезона во САД и има 12 голови на исто толку првенствени натрпревари, на кои има и девет асистенции. Сепак, главното прашање е дали Меси ќе го брани трофејот со Аргентина на Светското првенство кое за две години ќе се игра во САД, Канада и Мексико или ќе се пензионира со репрезентацијата.
„Зависи како ќе се чувствувам и во каква физичка подготовка ќе бидам. Мора да бидам реален. Има уште доста време до тогаш, но всушност и нема. Времето брзо ќе промине, но се уште е рано за одлука. Годините можеби се само бројка, но тие постојат и во реалноста. Натпреварите кои ги играм тука не се на нивото на Европа и Лигата на шампионите, но сепак се ќе зависи од тоа како ќе се чувствувам. Тогаш ќе донесам одлука дали се уште сум за тоа ниво.“ – рече Лионел Меси.