Новата 2024 година ќе биде побогата со спортски настани од 2023, па љубителите на спортот кај нас и во светот со нетрпение ги очекуваат возбудувањата на терените.
Нема да се изначекаме многу до првиот голем настан, напротив, за само девет дена почнува Европското првенство во ракомет за мажи, на кое ќе игра и македонската репрезентација, и тоа ќе се појавиме на отворањето на шампионатот на стадионот во Дизелдорф.
Македонскиот ракомет ќе има историска година во која речиси сигурно дека и мажите и жените ќе играат на ЕП. Женската селекција во април на домашен меч против Литванија треба само да го потврди местото на ЕП за жени кое ќе се игра во ноември и декември.
Главни спортски настани годинава во светски рамки се Олимписките игри во Париз и Европското првенство во фудбал.
Има и други континентални фудбалски натпреварувања како Копа Америка и Африканскиот куп на нации, но ЕВРО 2024 во Германија е врвот. За македонската фудбалска репрезентација, во септември почнува нив циклус во Лигата на нации.
На ЛОИ во Париз летово ќе имаме свои адути, особено теквондистот Дејан Георгиевски кој во 2021 во Токио освои сребрен медал, и повторно најавува така на медал.