30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Светот го доби највисокиот фудбалер во историјата

Некогашниот НБА кошаркар Павел Подколжин стана официјално највисокиот фудбалер во историјата. Тој ги облече копачките и заигра за тимот на Амкал во ФОНБЕТ Купот на Русија.

Подколжин е висок дури 226 сантиметри, а професионалната кошаркарска кариера ја заврши во 2019 година, кога настапуваше за Универзитетот Југре од Сургут. Во кариерата играше и во НБА лигата. Во 2004 година беше избран како 21 пик на НБА драфтот од тимот на Јута џез, а потоа беше трејдуван во Далас маверикс. Во периодот од 2004 до 2006 година имаше шест настапи за Далас.

Сега, на 40 години, Подколжин дебитираше и тоа како стартер во тимот на Амкал во ФОНБЕТ Купот на Русија и со тоа стана највисокиот кошаркар во историјата на фудбалот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести