12.8 C
Skopje
среда, 8 октомври 2025

Светот го доби првиот фудбалски милијардер

Од фудбалот до денес не можеше да се стане милијардер. Но, Кристијано Роналдо ги урива сите бариери, па покажа дека како фудбалска икона, но и со спортскиот бренд кој го изгради околу своето име, може да се стигне до неверојатни височини, а, секако, и до финансиска заработка.

Според „Блумберг“, Кристијано Роналдо е првиот фудбалер кој станал милијардер ако се смета само заработката од фудбалот, без маркетинг и други приходи. Од 2002 до 2023 година, Роналдо заработил „само“ 550 милиони долари, но со трансферот во Ал-Наср обезбедил 200 милиони долари годишно, плус 30 милиони само за потпис. Со оглед на тоа што ова му е трет календарски период во Ал-Наср и се ближи кон крајот, јасно е дека ја надминал границата од милијарда долари.

За споредба, Лионел Меси заработил значително помалку, околу 600 милиони долари во кариерата, вклучувајќи го и договорот со Интер Мајами, каде што заработува 20 милиони годишно.

Кристијано Роналдо има и свој бренд „CR7“, ланци хотели, теретани, луксузен голф-резорт близу Лисабон, недвижнини, а ако се додаде и фактот дека е најпопуларна личност на Инстаграм со 660 милиони следбеници, јасно е дека инкасира огромни приходи.

- Оглас -

Најнови вести