Хрватска го освои бронзениот медал на Мундијалот во Катар и третпат во шест настапи освојува медал на најзначајниот фудбалски настан.
Коцкестите го победија Мароко со 2:1 во малото финале денеска и по вторпат се трети на Мундијалите, а имаат и едно сребро.
https://twitter.com/Squawka/status/1604158002155687936?s=20&t=7dMaIFploN7v_3ru2I7HvA
Првиот медал го освоија во 1998 година на Светското првенство во Франција, а беа трети, што им беше историски успех.
Потоа чекаа точно 20 години за нов подвиг и го приредија во Русија во 2018 година кога се пробија до финалето, но таму загубија од Франција со 2:4.
И сега во Катар пак се меѓу четирите најдобри, а со околу 4 милиони жители се и четвртата најмала земја што учествуваше на Мундијалот, но повторно освоија медал.
https://twitter.com/CBSSportsGolazo/status/1604158363507363840?s=20&t=7dMaIFploN7v_3ru2I7HvA
Вкупно имаат шест настапи на Светските првенства и на половина од нив освојуваа медали.
https://twitter.com/UsherKomugisha/status/1604159200732807169?s=20&t=7dMaIFploN7v_3ru2I7HvA