Светот ќе ги добие новите ракометни кралици: Франција или Норвешка?

Светското ракометно првенство за жени дојде до самиот крај. Денеска остануваат да се одиграат последните два меча, по кои ќе се знае распоредот на медалите.

Домаќинот Шпанија не успеа да стигне до финалето, па во борба за третото место, односно бронзениот медал, ќе игра против Данска. Според квалитетот на двете селекции, Данска иако игра на гостински терен, се очекува да стигне до бронзата.

Шлагот на Мундијалот ќе биде од 17:30 часот, кога е закажано финалето. Французинките се златни олимписки шампионски од Tокио, каде што Норвешка заврши на третото место.

Норвежанките се актуелни европски шампионки, откако лани во финалето со 22:20 ја победија токму Франција. Сега повторно овие две селекции ќе играат за тронот, но сега се работи за планетарниот пехар.

Во последните девет меѓусебни дуели, само еднаш Норвешка победи убедливо со 30:21 во контролен меч, а останатите осум средби завршувале со не повеќе од два разлика. Доколку Норвешка ја освои титулата, тоа ќе биде четврти пат да бидат светски шампионски и ќе се израмнат со Русија на врвот на вечната листа.

ПОСЛЕДНИ ДЕВЕТ МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ НА ФРАНЦИЈА И НОРВЕШКА

2021 година: Франција – Норвешка 28:28

2021: Франција – Норвешка 21:30

2020: Франција – Норвешка 20:22

2020: Норвешка – Франција 29:28

2019: Франција – Норвешка 22:24

2018: Норвешка – Франција 23:21

2018: Франција – Норвешка 22:22

2017: Франција – Норвешка 23:21

2017: Норвешка – Франција 23:22

- Оглас -

Најнови вести