Репрезентацијата на Унгарија ѝ се придружи на Грција во финалето на Светското ватерполо првенство кое се одржува во Фукуока, Јапонија. Тие во полуфиналето го совладаа актуелниот светски шампион Шпанија со 12-11, и тоа со гол во последната секунда кој мораше да биде прегледуван од ВАР.
Херој на Унгарците е Кристијан Манхерц, кој биеше во последната секунда, а потоа се прегледуваше дали топката ја минала замислената гол-линија.
За Унгарија ова ќе биде прво финале по 2017 година, а за противник ќе го имаат дебитантот Грција.
Репрезентациите на Шпанија и Србија ќе играат за бронзениот медал.