Сан Антонио забележа убедлива победа од 122:88 во дуелот со Лос Анџелес клиперс, во меч на кој блесна Виктор Вембањама. Францускиот центар едноставно беше незадржлив во првата четвртина кога домашниот тим и направи двоцифрена предност, па во продолжение на мечот само ја потврди доминацијата.
Во првата четвртина, Вембањама едноставно беше незадржлив. На теренот помина само седум минути и 33 секунди, а успеа да постигне неверојатни 17 поени со шут од 86 отсто од игра. Едноставно противниците не можеа да го задржат.
Victor Wembanyama is on a TEAR in the 1st quarter 😱
🔥17 PTS 86% FG
⏰ 7:33 MIN pic.twitter.com/PMmR9xgm4B— NBA TV (@NBATV) January 1, 2025
Сан Антонио доминираше на теренот, по три четвртини имаше предност од 28 разлика (91:63), па Вембањама едноставно немаше потреба да влегува во игра во последната четвртина.
На крајот, за 25 минути поминати на теренот постигна 27 поени, а имаше и девет скокови и пет асистенции. Интересно е и тоа дека сите 15 кошаркари на Сан Антонио кои беа пријавени за овој меч, влегоа во игра и постигнаа барем по 2 поени. Кај Клиперс најефикасен беше Џејмс Харден со 17 поени.
Во останатите мечеви кои се одиграа ноќеска во НБА лигата: Оклахома – Минесота 113:105, Лос Анџелес лејкерс – Кливленд 110:122 и Феникс – Мемфис 112:117.