Додека трае пандемијата со коронавирусот, ѕвездата на Реал Мадрид Герет Бејл, си го проширува бизнисот со кој планира да се занимава откако ќе ја заврши фудбалската кариера. Велшанецот најави дека ќе отвори втор спортско-угостителски комплекс во Кардиф наречен „Пар 59“, во кој ќе може да се игра и голф покрај тоа што комплексот ќе биде поделен во бар и ресторан.
Не е тајна дека Бејл е стравствен фан на голфот, секое слободно време го користи да замавнува со голф-палката, па сега неговата пасија си ја претвори во бизнис.
„Нема цел живот да заработувам од фудбалот, па затоа се одлучив за овој бизнис со кој ќе се занимавам во иднина. Со отворањето на „Пар 59“ целта е да се спојат луѓето со различни интереси, од љубители на алкохолот до оние кои сакаат да играат голф. Воедно сакам да придонесам за економскиот раст на Кардиф, ова е одлична прилика за мојот град да се развива. Во „Пар 59“ ќе можете да уживате во големиот избор на алкохол, храна, па и да одиграте партија голф со пријателите“, истакна Бејл.
Во период главна цел на државите е да ги задржат своите граѓани да седат дома додека трае пандемијата со коронавирусот, Бејл си отвора објекти кои би собирале голем број на посетители. Бејл претходно стана партнер на спортскиот бар „Елевенс“, кој исто така се наоѓа во центарот на неговиот роден град.