14.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Светот во исчекување, нова историска битка на титаните во Париз

Кога двајцата најдобри тенисери на светот ќе се сретнат во полуфинале на некој турнир, особено ако е гренслем како Ролан Гарос, тогаш јасно е дека тој меч е повеќе од обично полуфинале, но денешниот дуел на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал на париската земја има и дополнителна историска важност.

Ако победи Надал, кој важи за фаворит според квотите во обложувалниците, бидејќи Шпанецот е „крал на земјените терени“ и има 13 титули на Ролан Гарос, ќе се пласира во финале и ако го добие тоа финале, ќе избие на прво место на вечната листа на тенисери по бројот на освоени гренслем-турнири. Во моментов Рафа е изедначен со Роџер Федерер.

Ова е единствениот гренслем-меч на кој Ѓоковиќ не е фаворит на хартија. Светскиот рекет број 1 има една титула во Париз, лани беше декласиран во финалето и сега бара реванш. Ако Новак успее и го освои овој гренслем, се чини дека веќе ништо нема да го спречи тој да биде тенисерот со најмногу гренслем-титули во историјата бидејќи на следните два до крајот на летово тој ќе биде топ-фаворит.

Ѓоковиќ на Ролан Гарос има една победа и седум порази против Надал. Дербито број 58 помеѓу Србинот и Шпанецот ќе почне попладнево, по 17.30 часот. Пред тоа, од 15 часот силите ќе си ги одмерат Стефанос Циципас и Александер Зверев.

- Оглас -

Најнови вести