Приказната на 28-годишната Италијанка Мартина Тревизан е вистинска спортска бајка, а серијата победи што е импресивна и стаса до 10 и донесе полуфинале на Ролан Гарос по триумфот од 2:1 против Лејла Фернандес.
Тревизан е дамата од Фиренца што успеа да го прегрми тешката животна епизода борејќи се со анорексија.
Четири години не играше тенис, но упорноста и челичната волја и за живот и за кам-бек на популарната игра за среќа ја победија опасната болест и Тревизан ќе игра во првото гренслем полуфинале во кариерата.
Мартина славеше со 6:2, 6:7, 6:3 против 19-годишната Канаѓанка, која се промовираше лани со настап во финалето на САД опен.
https://twitter.com/eurosport/status/1531597860575137792?s=20&t=-V4swCRpWfnmiNMEKoITYA
Италијанката има само еден загубен сет на Ролан Гарос, вториот денеска против Фернандес што е вистинска сензација, ако се знае дека е дури 59-та на ВТА листата.
Има 10 победи по ред, сметајќи го и турнирот во Рабат, Мароко, на кој победи непосредно пред стартот на Ролан Гарос.
Противничка за пласман во финалето ќе и биде победничката од американското четвртфинале меѓу Коко Гоф и Слоун Стивенс што ќе се игра од 14.50 часот.