Светската титула веќе над 70 години е привилегија само на големите земји!

Светското првенство во далечната 1950-та година е последното на кое „мала“ земја според популацијата била светски првак. Во последните 72 години, сите титули им припаѓаа на големи држави кои имаат над 40 милиони жители.

Најверојатно таа традиција ќе продолжи бидејќи во Катар главни фаворити се големите Бразил, Франција, Аргентина, Шпанија, Англија, земји кои веќе биле на кровот на светот и имаат популација од 45 или повеќе милиони луѓе.

Уругвај, кој сега има 4,2 милиони жители, шокираше 200.000 Бразилци на трибините на „Маракана“ во 1950 година и стана „најмалиот“ светски првак, а уште го држи приматот во оваа статистичка категорија.

Чехословачка, Унгарија, Шведска и Хрватска се другите „мали“ земји кои играле финале на СП, но никој од нив не го освои победничкиот пехар.

Останува да се види дали овој тренд ќе продолжи или некоја помала земја од типот на Португалија, Холандија или некоја трета ќе изненади.

- Оглас -

Најнови вести