Светската здравствена организација згрозена од славењето на навивачите на Наполи

Наполи го победи Јувентус по подобро изведување на пеналите и го освои Купот на Италија. Таа победа беше доволна причина синоќа низ улиците на Неапол да излезат илјадници навивачи на тимот од југот на Италија и да прослават за големиот успех на нивниот омилен тим.

Детали од лудата прослава на навивачите на Наполи може да видите ТУКА.

Тоа што се случуваше во Неапол воопшто не им се допадна на челниците на Светската здравствена организација (СЗО). Оттаму пристигна реакција за тоа како навивачите направиле таков собир, иако мечот се одигра според прописите, без публика и со почитување на сите прописи.

„Сите оние кои беа на плоштадите ќе направат голем проблем. Во оваа фаза на пандемијата не смееме да си дозволиме да има вакви работи. За среќа, тоа се случи во Неапол, подрачје каде што властите во изминативе неколку месеци на сила ги држеа мерките за строг карантин. Тоа значи дека вирусот во тој дел е помалку присутен за разлика од некои други делови од Италија“, вели претставникот на СЗО, професорот Раниери Гуера.

Сепак, Раниери потсетува дека во Ломбардија најголемата штета се случи токму поради собири на фудбалски натпревар и затоа тоа подрачје во Италија беше најпогодено.

„Сепак, не треба да потсетиме какви штети претрпе Ломбардија по одигрување на мечот Аталанта – Валенсија во Лигата на шампионите. Тоа беше почетокот на пандемијата.  Не би сакале пандемијата повторно да се прошири до тој степен. Навистина е болно да се гледаат тие слики од славењето во Неапол“, додаде членот на СЗО.

 

- Оглас -

Најнови вести