Португалија и Шпанија одиграа 2-2 во регуларните 90 минути во финалето на Лигата на нации, па ќе се играат продолженија.
Во екстра периодот од 30 минути, кај Португалија ќе го нема 40-годишниот Кристијано Роналдо кој не го издржа напорот и излезе од игра во финишот поради повреда. Роналдо го даде вториот гол за Португалија, и тоа е негов 139-ти погодок за репрезентацијата што е светски рекорд по бројот на погодоци на еден играч за својот национален тим.
Кој и да победи, тоа ќе му биде втора титула во ова натпреварување.