26.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Светски шампион со Аргентина може да е наследникот на Модриќ во Реал Мадрид

Челниците на Реал Мадрид ја разгледуваат опцијата за доведување на Алексис Мекалистер од Брајтон. Фудбалерот од средниот ред има одлична сезона во англискиот премиерлигаш Брајтон, а пред неколку месеци со репрезентацијата на Аргентина стана светски првак на Мундијалот во Катар.

Сезонава во дресот на Брајтон одигра 26 меча во кои постигна девет гола, а имаше и една асистенција. Мекалистер би бил замена за Лука Модриќ кој со години е „моторот“ на Реал Мадрид.

Освен Реал, за Мекалистер интерес покажуваат и Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Пари Сен Жермен. Брајтон сигурно нема лесно да се откаже од еден од своите најдобри фудбалери, но секако ако некој од европските гиганти понудат голема сума, нема да може да ја одбијат понудата.

Фудбалерите кои со Аргентина станаа светски прваци и играа добро на СП сега имаат зголемена вредност, па во јануарскиот преоден рок, Челзи плати 127 милиони евра за да го доведе Енцо Фернандес. Сега се очекува и Мекалистер да го смени клубот и од следната сезона да игра во многу посилен тим.

- Оглас -

Најнови вести