Светскиот боксерски првак „се пишмани“ и ја напушти украинската војска

Кратко траеше воената „кариера“ на светскиот боксерски првак Олександер Усик. Украинецот кој во септември минатата година го победи Џошуа и му ги одзеде титулите во тешка категорија во ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО верзиите, по запонувањето на војната во Украина, реши да се врати и да ја брани татковината.

Усик, кој во мај требаше да има реванш против Џошуа, тогаш изјави дека многу поважно му е да ја одбрани Украина отколку да ги брани шампионските појаси. Сепак, Усик го промени мислењето и реши да ја напушти украинската војска за да може да се подготви за одбрана на боксерскиот трон.

Борбата против Џошуа ќе биде во јуни, што значи дека Украинецот ќе има малку повеќе од два месеци за добро да се подготви. Според некои информации, Усик веќе заминал во Полска, но тоа уште не е потврдено.

- Оглас -

Најнови вести