Нил Робертсон го совлада Марк Вилијамс со 6:3 во фрејмови, во првото коло (осминафинале) на Мастерсот во снукер. На турнирот во Лондон учествуваат 16-те најдобро рангирани играчи на светот, а актуелниот светски првак нема да дочека ниту четврт-финале.
Велшанецот водеше со 3-1, во петтата партија имаше убава прилика да поведе со 4-1, но не ја искористи и потоа работите целосно се сменија и тргнаа во посакуван правец за австралискиот „громовник“. Робертсон, кој лани не играше на Мастерсот, ги доби последните пет фрејма, а особено интересен беше претпоследниот.
Погледнете ги клучните моменти во претпоследната партија, што се покажа како решавачко:
A bizarre frame goes the way of @nr147…
He's one frame away from the quarter finals! [5-3] #DafabetMasters pic.twitter.com/hORYpoTtQO
— World Snooker Tour (@WeAreWST) January 15, 2019
Познати четврт-финални двојки се Бресел – Динг и О`Саливен – Деј. Робертсон го чека победникот од вечерашниот дуел Хокинс – Марфи.