Светскиот првак искрен: Да не беа жените, алкохолот и лошата исхрана, ќе имав подобра кариера

Адил Рами, новиот дефанзивец на Боависта, беше дел од репрезентацијата на Франција која го освои Мундијалот во Русија пред две години, а златниот медал го освои без да запише настап за Триколорите.

Во интервју за еден португалски медиум, Рами говореше искрено околу својата кариера. Ексфудбалерот на Валенсија, Милан, Марсеј, па и Фенербахче, смета дека не водел доволно грижа за својата кариера за да му биде побогата.

„Да беше подобар и поздрав мојот животен стил, ќе имав и подобра кариера. Уживањето во ноќните забави, жените, алкохолот и лошата исхрана ме спречија во тоа, а што да правам кога сум гурман и уживам во добра храна. Не водев доволно грижа за моето тело, но кога бев 100 отсто подготвен, не се плашев од ниту еден напаѓач“, истакна Рами.

По завршувањето на Светското првенство во 2018 година, Рами се повлече од репрезентацијата, а од септември годинава е член на португалскиот прволигаш. Инаку, Рами до неодамна беше актуелна тема на жолтата штампа во Франција и САД откако ја прекина контроверзна врска со познатата Памела Андерсон.

- Оглас -

Најнови вести