Светскиот првак кога е стартер сам му носи бодови на Интер (Видео)

Лаутаро Мартинес повторно беше клучниот фактор за победа на Интер во Серија А, а новиот светски првак со Аргентина вечерва погоди рано за нов триумф на Нероаѕурите.

Мартинес беше прецизен во третата минута и со тој гол Интер ги освои бодовите против Верона.

 

Мартинес има одлична статистика и на последните 8 натпревари на кои бил стартер за Интер постигна вкупно шест гола и имаше две асистенции.

Интер во продолжението на мечот против Верона рутински ја сочува предноста и се израмни со Јувентус на делба на третата позиција со 37 бода по 18 кола.

Лидер е Наполи со 47 бода, а втор е Милан со 38.

- Оглас -

Најнови вести