Светскиот првак „невидлив“ на гостувањето во Холандија

Холандија со победата над Франција од 2:0 со головите на Вајналдум, и Депај во финишот од пенал, го спречи светскиот првак да обезбеди плејоф во Лига А од Лигата на нации, не само тоа, туку Франција сега не зависи од самата и ќе навива за Германија против Холандија.

„Триколорите“ потфрлија, нивен најдобар играч беше голманот Љорис, кој со девет одбрани (рекорд за француски голман во последните 10 години) спречи уште потежок пораз. Во тимот на селекторот Дешам, многу фалеше Погба. Статистиката покажува дека со Погба во составот, Франција има 70 проценти победи, а без него само 44.

Гризман својот прв меч за Франција го одигра во 2014 година, токму против Холанѓаните, но и него вечерва го немаше никаде и не беше опасност по голот на противникот.

Ова е голот со кој Вајналдум ја најави големата победа на Холандија:

Во другите групи, Украина туристички замина во Словачка, загуби со 1:4, но и тоа беше доволно за пласман во елитната Лига А. Данска со трите бода на гостувањето во Велс, го презеде првото место, и тоа ќе се покаже како клучно околу борбата за врвот.

РЕЗУЛТАТИ:

ЛИГА А: Холандија – Франција 2:0. Табела: Франција 7 бода, Холандија 6, Германија 1.

ЛИГА Б: Словачка – Украина 4:1, Велс – Данска 1:2. Табела, група 1: Украина 9, Словачка и Чешка по 3. Група 4: Данска 7, Велс 6, Република Ирска 1.

ЛИГА Ц: Кипар – Бугарија 1:1, Словенија – Норвешка 1:1. Табела: Норвешка и Бугарија по 10, Кипар 5, Словенија 2.

 

- Оглас -

Најнови вести