Светскиот првак Павар потпиша петгодишен договор со Баерн Минхен

Бењамин Павар е нов играч на Баерн Минхен и потпиша петгодишен договор со актуелниот шампион на Германија. Информацијата што ја пренесоа германските медиуми ја потврди спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

„Се радуваме што млад играч и светски првак ќе игра за Баерн. Потпишавме петгодишен договор, но Павар ќе пристигне во Минхен во јули годинава и ќе биде подготвен да игра за Баерн од почетокот на идната сезона“, изјави Салихамиџиќ.

Павар беше стандарден член на француската репрезентација која лани летото победи на Мундијалот во Русија.

Моментно 22-годишниот дефанзивец е член на Штутгарт, а во Германија пристигна од редовите на француски Лил.

 

- Оглас -

Најнови вести