Светскиот првак се појави на плажа во Марбелја, потполно заборави на мерките (видео)

Ентони Џошуа, британскиот боксер кој ги држи титулите во ВБА, ИФБ и ВБО во тешка категорија, деновиве се наоѓа во Марбелја, Шпанија. Џошуа беше на отворањето на својата продавница, додека слободното време го искористи да се прошета на прекрасните плажи, меѓутоа направи непромислен прекршок.

Британецот заборави да носи заштитна маска на јавно место како превенција против ширење на ковид-19, додека никој околу него не почитуваше социјална дистанца. Премногу опуштено се однесува познатиот боксер во земја која беше меѓу најпогодените за време на пандемијата со корона-вирусот, која и натаму трае.

- Оглас -

Најнови вести