29.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Светскиот шампион ја доби драмата против европскиот првак

Ракометарите на Данска ја совладаа Шведска во најдобриот меч кој имаше драматичен финиш на Европското првенство кое се одржува во Германија.

Данска која е актуелен светски шампион со убедливи 28:27 ја совлада Шведска која пак е актуелен европски шампион и бранител на трофејот.

Во првите 19 минути двете селекции играа гол за гол, по што следеше серија од 4:0 на Данците со која поведоа со 16:12 и ја оставија Шведска седум минути без даден гол.
До крајот на првиот дел, Швеѓаните успеаја да намалат на 17:15.

Во второто полувреме, Данците умешно ја одржуваа предноста од два гола и во последните десет минути поведоа со 28:24. Швеѓаните не се предадоа, направија 0:3 и намалија на 28:27. Во последната минута, Данска постигна гол преку Ландин Јакобсен, но судиите го поништија бидејќи имаше повеќе од четири додавања кога беше крената раката од судиите поради пасивен напад.

Шведска доби шанса во последните 17 секунди да дојде до реми, Бергендал иако постигна гол, судиите го поништија бидејќи пикерот газел на линијата со што Данска славеше со 28:27.

Матијас Гидсел со 10 гола беше најдобар кај Данска, додека кај Шведска најпрецизен беше Хампус Ване со девет постигнати голови.

- Оглас -

Најнови вести