Дејан Георгиевски стартуваше одлично во Токио елиминирајќи го светскиот првак и еден од фаворитите за медал, Кубанецот Рафаел Алба Кастилјо со резултат 11-8 за пласман во четвртфиналето.
Нашиот најдобар таеквондист иако стартуваше со казнен поен, издоминира во првата рунда добивајќи ја со 5-1, што влеа самодоверба кај Георгиевски да ја добие и втората рунда со 5-2. Во третата рунда Кастилјо успеа да се доближи резултатски со два удари, еден во глава и еден во тело, но тактизирањето за Дејан се покажа како добар потег и во финишот казнен поен му ја гарантираше победата.
Во борбата за пласман во полуфиналето, Георгиевски ќе се бори против Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска, во 8:45 часот.