Светскиот шампион по повеќе од eдна деценија се враќа во Бундеслигата

Сами Кедира е на пат кон Берлин каде што треба да потпише две и полгодишен договор со Херта откако успеал да се договори со Јувентус околу предвремен раскин на соработката.

По повеќе од една деценија пауза, Кедира ќе се врати во Бундеслигата каде што последно играше за матичниот клуб Штутгарт, а сега на 33 години ќе ја засили Херта и во родната земја ќе ја заврши кариерата.

Светскиот шампион од 2014 година сезонава нема запишано настап за Бјанконерите откако Андреа Пирло потполно го изостави од екипата, а последен пат црно-белиот дрес го носеше во јуни минатата година во дербито против Милан.

Кедира во изминативе пет години запиша вкупно 145 настапи за Јувентус, а претходно ги бранеше боите на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести