Бранителот на светскиот трофеј го совлада европскиот првак Шпанија со 33:30. Франција со оваа победа е чекор поблиску до полуфинале на СП, додека на „црвената фурија“ не му помогна ниту враќањето на Арпад Штербик пред голот.
„Триколорите“ уште од стартот ја презедоа иницијативата и цело време имаа еден до два гола предност. Во последните неколку минути од првиот дел, Французите остварија серија од 5-0, но сепак на паузата заминаа со два гола предност (17:15). Во ист ритам Франција продолжи и во вториот дел, Шпанците само за момент се вратија резултатски при 18:18, но светскиот владетел со нова серија погодоци стигна до највисоката предност од +6, па до финишот на средбата „фуријата“ немаше шанси да го избегне првиот пораз во втората фаза.
Фабрегас и Мем беа најефикасни кај победничкиот состав со по шест гола, додека за Шпанија недоволни беа 11-те погодоци на Соле.
Шведска лесно ја победи селекцијата на Тунис со 12 гола разлика, односно 35:23, во мечот во кој правдата ја делеа македонските судии Начевски и Николов. Швеѓаните остануваат максимални на ракометниот Мундијал, денес Тунис не беше достоен противник.
На Шведска им преостанува дуелот со Норвешка во кој со победа ќе бидат сигурни учесници во полуфиналето.
Во борбата за 17-тото до 20-тото место, Србија беше подобра од Бахреин со 32:27.