29.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Светскиот шампион во кикбокс загина во Украина

Украинскиот кикбоксер Максим Кагал загина во војната во Украина додека се борел во градот Мариупољ, објави неговиот тренер Олег Скрита.

Кагал се борел против руските сили како дел од Азов баталјонот, екстремистичка десничарска единица која Русите ја обвинија за нацизам и која користи симболи користени од нацистите за време на Втората светска војна.

„Војната ги зеде нашите најдобри. Додека го бранеше нашиот град како дел од Азов единицата, загина Максим Кагал. Мирно спиј брате. Ќе се одмаздиме“, беше пораката на неговиот тренер Скитра.

Кагал, кој беше светски шампион во кикбокс, на озогласената Азов единица се приклучи уште во 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести