Светскиот шампион за кого се тепаат гигантите, го избра Ливерпул

Алексис Мекалистер, аргентинскиот репрезентативец, за кого постои голем интерес од сите англиски гиганти, во летниот преоден рок ќе го напушти Брајтон и ќе се пресели во Ливерпул, објави новинарот кој е експерт за трансфери, Фабрицио Романо.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, најави дека ќе направи ремонт на тимот и токму Мекалистер го гледа како идеално решение во средниот ред. Мекалистер кој со Аргентина минатата година стана светски шампион, сезонава одигра 40 натпревари за Брајтон и постигна 12 гола, а имаше и три асистенции.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1664894686790832130?s=20

Романо тврди дека таткото на Аргентинецот деновиве треба да пристигне во Англија на преговори кои се очекува успешно да завршат бидејќи и самиот фудбалер сака да се пресели на „Енфилд роуд“.

Се очекува отштетата да не биде помала од 70 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести