Светските медиуми тврдат: Вардар и Пелистер во трка за голман од Израел?!

Ракометниот инсајдер, Хен Ливгот, тврди дека Вардар и Еурофарм Пелистер водат битка за ангажманот на израелскиот голман, Тал Пелед. Освен вечните македонски ривали, во игра за потписот на Израелецот се и Бенфика, како и францускиот второлигаш Шербур.

21-годишниот голман е репрезентативец на Израел, а во моментов е дел од екипата на Маси Есон, која се наоѓа на 14-тото место од 15 екипи во француската Втора лига.

- Оглас -

Најнови вести