25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Светските прваци од 2006 година донираат возила за Брза помош

Фудбалерите кои пред 14 години ја израдуваа целата италијанска нација со освојување на трофејот на Светското првенство, сега беа во нова мисија. „Златната“ селекција реши да помогне во борбата против корона-вирусот и собра средства за купување четири ултрамодерни возила за Брза помош. Возилата се подарок од италијанската репрезентација од 2006 година до италијанскиот Црвен крст.

„Се работи за ултрамодерни возила со нов состав за задржување на биоматеријата. Се надеваме дека брзо ќе заврши оваа пандемија и потоа тие возила ќе може да се користат и за секојдневни цели. Собравме пари за да купиме четири возила за Брза помош, колку што Италија има трофеи на Светските првенства. Им благодарам на сите фудбалери, уште еднаш се покажа важноста за постоење на екипата“, порача легендарниот голгетер Алесандро дел Пјеро.

На Мундијалот во 2006 година, Италија во финалето по подобро изведување на пеналите, ја победи Франција, а трофејот прв го подигна капитенот Фабио Канаваро.

- Оглас -

Најнови вести