Светските прваци се налутија, ја декласираа Македонија со 9:0

Португалија приреди вистинско шоу во вториот пријателски футсал меч со Македонија и победи со 9:0, откако и во првиот тест натпревар актуелните светски прваци беа подобри и славеа со 3:1.

Ако првиот меч беше израмнет и домаќините кои се подготвуваат за настап на ЕП го скршија отпорот на нашите футсалци со два гола во финишот, денеска неизвесност воопшто немаше.

Веќе по првото полувреме беше 6:0 за Португалија, па светските прваци намалија гас во продолжението и со уште три гола славеа убедливо со 9:0.

Португалците се меѓу топ-фаворитите за титулата на Европското првенство што ќе почне задутре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести