Македонците уживаа, но светските прваци се жалат – Да ја победиме Швајцарија и веднаш бегаме од Букурешт

Французите се жалат на условите што ги имаат во Букурешт, а велат дека хотелот „Атина Палас Хилтон“, иако има историска вредност и е изграден во 1914 година и постои над еден век, во моментов не ги исполнува највисоките стандарди.

„Иако го сметаат за објект со историска вредност, очигледно е дека му недостасува комфор. Овде сигурно нема долго да останат Мбапе и останатите играчи на Франција“, изјави Иго Делом, новинар на Л`Екип.

Тој објави дека голем проблем е и сообраќајниот хаос во Букурешт, а во прилог на светските прваци не им оди и големата жештина и топлотен бран што го зафати главниот град на Романија.

Французите ќе играат со Швајцарија во осминафиналето на Европското првенство,во понеделник од 21 часот на националната арена во Букурешт, град во кој Македонија дебитираше на големите натпреварувања против Австрија, а потоа на истото место играше и против Украина.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести